Топлотниот бран во Европа од 2022 година ќе се претвори во „нормално лето“ до 2035, независно дали човештвото ќе успее да ги намали стакленичките гасови и штетните емисии, покажа ново истражување.

Анализата е направена од Британската метеоролошка агенција, која истражуваше колку брзо се зголемија температурите на Стариот континент од почетокот на набљудувањата во 1850 година. Податоците потоа беа споредени со модели.

Типичното лето во централна Европа до 2100 година ќе биде потопло за повеќе од четири степени Целзиусови. Според истражувањето, сите моментални топлотни бранови се предизвикани од глобалното затоплување, главно од согорувањето на фосилните горива.

Велика Британија евидентираше рекордни температури за време на топлотните бранови годинава. Во јули во земјата беа измерени температури од 40 степени Целзиусови.

Други земји каде имаше локални рекордни температури се Шпанија, Португалија, Франција.

OhridNews