По BMW, истражители на Европската унија извршија претрес и во просториите на Дајмлер и Фолксваген. Германските автомобилски компании се под сомнение дека со децении сочинувале заеднички картел и ги местеле цените на дизел возилата, како и на бројни други технолошки иновации.

Дајмлер преку својот портпарол потврди дека истражители од ЕУ и германската влада упаднале во компанијата и дека ја прегледуваат документацијата. Со рацијата е опфатен и Ауди, каде исто така се проверува документацијата.

Засега ЕУ не излегува со официјано соопштение за случајот, освен дека истрагата е во тек.

Доколку се докаже дека германските производители на автомобили ја прекршиле европската анти-труст регулатива, ќе се соочат со сериозни казни, јавува Ројтерс.

OhridNews