Истрагата за смртта на тројцата стружани насочена кон електричната инсталација
12.09.10 00:49
Струен удар најверојатно е причина за трагичната смрт на тројцата стружани вчера на плажата во близина на познатото Пливалиште. Полицијата непосредно по несреќата ја обезбеди монтажната тераса од угостителскиот објект каде седеле тројцата пријатели кобното попладне. Истрагата е насочена кон проверка на електричната инсталација, бидејќи сомнежите се дека краток спој предизвикал струен удар кој бил фатален за тројцата возрасни мажи. Според очевидци прво станал едниот од нив, по што на брзина станале и другите двајца упатувајќи се кон него. Иако внатре во угостителскиот објект кој е оддалечен дваесетина до триесет метри имало посетители, никој не видел ништо, поради што останува мистерија што навистина се случило. Истражен судија нареди обдукција на починатите тела која треба да помогне да се расветли трагичниот настан.
Како што веќе објавивме, три тела биле забележани вчера попладне во водите на Охридското Езеро во близина на плажата „Галеб“ во центарот на Струга. Полицијата се уште не го соопштува идентитетот на починатите, како и причините за нивната смрт, но според стружани се работи за Јосиф Д., Кире Ѓ, и Јонче К. Двајца се вработени во Медицинскиот центар во Струга, а еден во Управата за јавни приходи.
Стружани со неверување ја примија веста за смртта на тројца свои сограѓани. Велат дека имало многу несреќи ама ваква трагедија не паметат.
– Тие беа најдобри другари секој ден играа карти тука. Немаше подобри другари од нив и беа многу добри луѓе. Изненаден сум од ова што се случи ова е трагедија, ни изјави стружанецот Милорад Петроски, кој едвај ги задржа солзите.
На 28022025 година во 2340 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во апартман лоциран на „Кеј Македонија“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу 26 годишно лице од Охрид и 28 годишно лице од...
Посветени на своите активности во Здравствено-превентивната дејност, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Подигни свест, победи рак“, Црвен крст О...
Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 30 март За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јад...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.