Истрагата за случајот Пуч, во која четврто обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев е завршена. Заев вчера повеќе од пет часа даваше исказ во обвинителството по што изјави дека неговата одбрана е вистината за Македонија. Тој воедно побара повлекување на случајот.

Законот налага дека сега Јавниот Обвинител има рок од 15 дена да покрене обвинителен акт. Заев е обвинет за насилство спрема највисоките државни органи. Меѓу обвинетите е и екс-разузнавачот Зоран Верушевски.

OhridNews

Извор:Радио Слободна Европа