Во несреќата што се случи на околу 300 метри од брегот во близина на авто кампот Елешец животот го загубија 15 туристи од Бугарија. Висока државна делегација и претставници на локалната самоуправа од Охрид присуствуваа на погребот на загинатите, а на иницијатива на граѓани се формира здружението „5-ти Септември“ кое покрена петиција за утврдување на вистината за бродската несреќа. За само неколку дена беа собрани 8000 потписи кои му се предадени на јавното обвинителство. На иницијатива на здружението на 17 октомври во катедралната црква Св. Софија ќе се одржи панихида за загинатите бугарски туристи на која ќе бидат поканети семејствата на жртвите во најголемата трагедија што некогаш се случила на Охридското Езеро.
Истрагата за бродската несреќа при крај
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com