На посмртницата на поп кралот Мајкл Џексон пишува дека причина за неговата смрт е убиство. Наводно починал од труење со анестетикот Пропофол кој му го ставиле во крвта. Во меѓувреме неговиот лекар Конрад Мареј се спрема за на суд откако се дозна дека ќе биде обвинет за убиство од невнимание.
Семејството на починатиот, сепак смета дека во неговата смрт се вмешани повеќе луѓе. Сакаат да ги видат документите кои откриваат што се случувало неколку часа пред смртта. Нема да запрат се додека не се откријат сите детали од трагедијата, бидејќи според нив се уште има многу нејасни работи.