Бизарната повреда на кошарската ѕвезда во колеџ лигата, Зајон Вилијамс беше вест на денот во Соодинетите американски држави (САД). Вилијамс го повреди коленото на самиот старт од натпреварот кога му пукна патиката.
Zion Williamson is so powerful he annihilated his shoe… pic.twitter.com/H9GxcP67pj
— Chris Montano (@gswchris) February 21, 2019
Челниците од колеџ лигата веднаш започнаа истрага, бидејќи вакви работи не се дозволиви во САД, а се огласи и компанијата Најк која ги има произведено патиките.
- Загрижен сме многу и на Вилијамс му посакуваме брзо опоравување. Квалитетот на нашите производи е од најголемо значење. Ова е прв ваков случај и ќе работиме да не се повтори никогаш, а ќе ја откриеме причината. – стои во соопштението од Најк.
Во првите редови од дерби средбата во колеџ лигата беше поранешниот претседател на САД, Барак Обама, а најефтина карта за вип седиштата е 3 000 долари. Затоа пукањето на патиката беше голем срам за Најк и општо кошарката во САД.
OhridNews