Белгискиот фудбал се соочува со скандал од големи размери, откако Јавното обвинителство најави можни десетици обвиненија како резултат на серија истраги за повеќе недозволени активности, вклучувајќи и местење натпревари на прволигашки екипи.

Вкупно 56 лица, како и една компанија, се осомничени за измама, перење пари, местење натпревари и членство во криминална организација, меѓу другите обвиненија, јавија денеска локалните медиуми.

Повикувајќи се на извори од истрагата, весникот „Dernière Heure/Les Sports“ објави дека меѓу осомничените има функционери од неколку белгиски прволигашки екипи, како и фудбалски судии.

OhridNews