Австриската полиција трага по очевидци на несекојдневна кражба, огромна количина трева која исчезнала од полето на еден земјоделец. Како што пренеле агенциите, кражбата се случила во близина на селото Либенфелс, околу 200 километри југозападно од Виена.

Полицијата соопштила дека тревата, чија вредност се проценува на околу 3000 евра, исчезнала за време на последниве три седмици, но и дека сопственикот на пасиштето го забележал исчезнувањето дури денес, кога ја пријавил кражбата.