„Истрага на местото на кодирањето“ е мотото на програмерскиот маратон Codefest кој во текот на престојниот викенд ќе се одржува на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Во текот на 32 непрекинати маратонски часови, студентите ќе работат во тимови на развивање на креативни и иновативни идеи до демо верзија на продукт, а сето тоа ќе биде поддржано од страна на бројни ментори, експерти од неколку области од нашата држава.
-Сведоци сме на овој настан уште од неговите почетоци пред 3 години, кога почна како помала организација со 70 учесници. Денеска, Codefest е етаблиран настан кој претставува бренд самиот за себе во Македонија и успева да донесе на едно место студенти од целата држава, не само од ИТ областа туку и од сродни области. Целта на Codefest е да ги приближи студентите до компаниите во кои тие набрзо би биле потенцијални вработени, како исклучителен талент од Македонија, велат организаторите.
Тие информираат дека во рамки на настанот е најавено гостување на Ербил Караман, продукт менаџер во Facebook Лондон.
Повеќе информации за Codefest може да се најдат на веб сајтот на настанот www.codefest.ninja или на Facebook страницата: https://www.facebook.com/pages/Codefest/926573710705257.
OhridNews