Семејството Паркер од Велика Британија оваа година ќе украсува божиќно дрвце старо 124 години. Вештачкото дрво високо 35 сантиметри семејството го купило 1886 година, а сегашниот сопственик Пол Паркер го добил по мајчината смрт во 2008 година. Дрвото го однел на процена и дознал дела вреди околу 1500 долари.
Семејството дрвото го украсува секоја година. Дознале дека тетката на мајката Пол, Лу Хикс го купила 1886 година, а и го подарила на мајката на Пол во 1940 година. Дрвото е украсено со божиќни орнаменти. Неговата старост била потврдена, а потоа од Гинисовата книга го прогласиле за најстаро вештачко дрво на светот.