Неверојатен натпревар одигра Ливерпул против најголемиот ривал Манчестер Јунајдед совладувајќи го со 7:0 во дерби натпреварот од 26 коло на Премиер лигата. Екипата на Јирген Клоп до врв ја наполни мрежата на Манчестер принудувајќи го голманот Де Хеа седум пати да ја вади топката од голот.

По два гола постигнаа Гакпо, Нуњез и Салах, а во листата на стрелци се запиша и Роберто Фирмино.

Натпреварот ќе влезе во фудбалската историја по многу параметри, а фудбалската ноќ на Енфилд навивачите на Ливерпул уште долго ќе ја раскажуваат. Победата од 7:0 е највисока која некогаш ја остварил тимот од „Енфилд“.

Мохамед Салах на оваа средба го постигна 129 гол, со што стана најдобриот стрелец на Ливерпул во Премиер лигата.

Треба да продолжиме напред и да го играме нашиот фудбал. – изјави по мечот Салах.

На табелата во Премиер лигата води Арсенал со 63 бода пред Манчестер Сити со 58. Јунајтед е трет со 49 бода, Тотенхем има 45 на четвртата позиција, но и натпревар повеќе од разбудениот Ливерпул кој е петти со 42 бода.

Г.Момироски