Охриѓани и гостите присутни тука во продолжениот празничен викенд со голем интерес го следат Историскиот фестивал. Голем број од нив ја посетија импровизираната средновековна сцена на просторот каде се наоѓаше градската библиотека. Тие се интересираат за средновековните традиции, но и за начинот на изработка на производите во тоа време. Дел од нив купуваат и по некој сувенир, а други се натпреваруваат во стреличарство или ги гледаат витешките борби. Фестивалот „Средновековен Охрид“ завршува вечерва со свеченост на Античкиот театар на која на доајенот на македонското филигранство, Вангел Деребан, ќе му биде врачена наградата „Чувар на традицијата“.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com