Охрид деновиве живее во средниот век. Стрелци, витези, рицари, стари орудија и разни производи од дрво и глина се дел од средновековниот амбиент создаден по повод одржувањето на Првиот историски фестивал „Средновековен Охрид. Во рамки на фестивалот се организираат ноќни прошетки со факели низ стариот дел на Охрид, а во три охридски ресторани во средновековен амбиент ќе се служи традиционално подготвена  храна.


Историскиот фестивал е подарок за граѓаните по повод Денот на независноста велат од локалната самоуправа, која  ja помoгна организацијата на манифестацијата. Градските власти веќе размислуваат фестивалот да добие и зимско издание, со што Охрид ќе ја збогати туристичката понуда вон лето. „Би било добро овој фестивал да се одржи околу Нова година и да ги спои празниците  Божик, Василица и Водици“, рече градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.


Можно е и зимско издание на историскиот фестивал – Петрески

Историскиот фестивал завршува утре кога на доајенот на македонмското филигранство, Вангел Деребан, ќе му биде врачена наградата „Чувар на традицијата“.

ohridnews