Архивот на градот Охрид промовираше кратко видео, изготвено со цел подигнување на свеста за значењето на културно историско пишано наследство како и пропагирање на архивското работење во целост.
На некој начин преку самото видео архивот само на кратко искажува дел од свите фондови и принципи на работа. Се надеваме дека преку уметничкиот пристап на снимателот Борче Димоски и Digitalbox studio и прекрасната музика на Дуке Бојадџиев го доближивме архивот на град Охрид до сите вас. И во оваа прилика најдлабоко им се заблагодаруваме. – велат од Архивот на градот Охрид.
Промотивното видео Архивот на градот Охрид го посвети на големиот Видое Видически – основачот на охридскиот архив и архивската дејност како и на Георги Константиновски – човекот кој ја дизајнира зградата на Охридскиот архив.
OhridNews