Историски триумф на Охрид кој со 3-2 го победи соседот Охрид Лоте и обезбеди пласман во првата лига. До триумфот рибарите стигнаа многу потешко од очекувањата. “Гостите“ ја искористија поцетната збунетост на “рибарите“ и со погодоците на А.Стојаноски во 28 и 34 минута дојдоа до 2-0 водство.
Добродојдена беше паузата за “рибарите“ кои по советите на стратегот Ѓорески заиграа далеку поангажирано, со поголема желба за победа.
Веднаш на стартот на вториот дел, најдобриот стрелец во лигата Игор Клечкароски од пенал го намали резултатот. Неколку минути подоцна по соло продорот Велески го изедначи резултатот на 2-2.
Наградата за залагањето во втроиот дел стигна во финишот на мечот кога Дејкоски најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Цветкоски и погоди за 3-2. Погодокот на Дејкоски го означи стартот на славејето на охридските “рибари“.
По 17 години пауза Охрид од наредната сезона ќе игра во Првата лига.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com