Фудбалерите на Шкендија направија историски подвиг за клубот и македонскиот фудбал пласирајќи се во четвртата квалификациска фаза воедно и последна пречка за пласман во Лигата на Европа.


Тетовските „црвено црни“ во третата рунда од квалификациите со вкупни 2-1 го елиминираа составот на Млада Болеслав.

На гости во Чешка, Шкендија претрпе пораз 1-0, но скопската победа (2-0) на „Филип Втори“ беше доволна за пласман во следната рунда.

Мрежата на Костадин Захов мируваше се до 82-та минута, кога Лукас Вагера погоди и ја врати надежта за домаќините, но Шкендија ги издржа налетите и го повтори минатогодишниот успех на Работнички.


Едно е сигурно, македонскиот вицепрвак во четвртата рунда од квалификациите ќе добие атрактивен противник, а мечевите на „Филип Втори“ ќе бидат фудбалски празник.

OhridNews