Титулата од американскиот грен слем турнир во машка конкуренција замина кај Доминик Тим. Австриецот во финалето после фантастичен пресврт го совлада Александар Ѕверев со 3-2 восетови (2-6, 4-6, 6-4, 6-3, 7-6) и го освои првиот трофеј на големите турнири.

Ѕверев многу добро го отвори финалниот натпревар и поведе со 1-0 во сетови. Продолжи и во вториот сет кој го доби со 6-4 за водство од 2-0. Тим кога веќе немаше избор го смени стилот на игра и почна да форсира брзо темпо. Австриецот во третиот сет намали на 2-1, а во четвртиот се избори за егал. Во решавачкиот петти сет двајцата тенисери одиграа маестрално. Тим беше нешто подобар во завршните моменти и тај брејк го освои петтиот сет кој значеше титула. Финалето се играш 4 часа и 5 минути.

Единствено што жалам после овој голем успех за мене е што неможеме да бидеме двајцата шампиони. Ние со Ѕверев сме добри пријатели покрај ривалството на терен. – изјави Тим после финалето.

Австриецот во поновата историја на УС Опен е прв тенисер кој успеал да се врати од негатива 2-0 и да освои титула. Последен тенисер кој победил а имал негатива бил Панчо Гонзалес во 1949 година.

OhridNews