Во понеделник (8.11.2021) во дворот на Историски архив Охрид ќе биде поставена фотографска изложба по повод 7 ми ноември- ослободување на град Охрид.

Во дворот на Историскиот архив Охрид ќе биде поставена фотографска изложба по повод 7ми ноември – ослободување на град Охрид. Фотографиите ќе прикажат дел од Народноослободителната војна во овој регион како и дел од луѓето од секојдневието од тој период. Преку фотографиите, посетителите ќе може да ја видат сликата на животот од тој период, информираат од Подрачното одделение на Државен архив Охрид.

Станува збор за фотографии кои претходно биле постоечки во Архивот меѓутоа, како што инофрмираат од установата, биле  во охридското депо и токму затоа фотографиите ќе бидат  прикажани уште еднаш.
Изложбата ќе биде отворена до петок (12.11.2021).

 

OhridNews