Ракометарките на Моби Дик пред себе имаат историска шанса да обезбедат пласман во Супер лигата во дебитанската сезона на клубот.

Натпреварот со Чаир в сабота во 19 часот е од исклучително значење за охриѓанки кои со победа ќе бидат на бод од остварување на сонот.

До крајот на шампионатот преостануваат три натпревари, а „китовите“ пред второпласираниот Куманово имаат предност шест бодови.

Влезот за мечот од Првата женска ракометна лига е слободен.

Мх.П.