Македонската фудбалска репрезентација е пред нов циклус квалификации за Светското првенство во Бразил кое ќе се одржи во 2014 година. Премиерата “црвено жолтите“ ќе ја имаат со Хрватска на загребскиот стадинот “Максимир“.


Во досегашната историја од осамостојувањето, Македонија против Хрватска се има сретнато четири пати. Првите средбие беа во квалификациите за ЕП 2000. На домашен терен  Македонија ремизираше 1-1. Стрелци на головите беа Христов и Шуќер.

Дуелот одигран во Хрватска го одлучи Ѕвонимир Бобан со маестрален погодок од слободен удар во финишот на мечот. “Коцкастите“ триумфираа со 3-2. Погодоците за Македонија ги постигнаа Чириќ и Шаиновски.


За повторна средба Македонија и Хрватска чекаа точно десет години. Чекањето се исплатеше повторно ја намачивме Хрватска да не совлада на домашен терен овој пат со 2-1. Исто како и во 1998 година така и во 2008 но сега Бобан го замени натурулизираниот хрват, Едуардо.


Многу оспоруваната македонска селекција од хрватските новинари врати со иста мера, на тогашниот “Градски стадион“ славеше со 2-0. Мазнов и Наумоски беа стрелци на головите за македонскиот состав.


Петтиот меѓусебен дуел помеѓу Македонија и Хрватска е в петок со почеток од 20:15 часот. Хрватска како и Македонија со големи очекувања ги започнуваат квалификациите за мундијалот во Бразил.

Мх.П.