Охридскиот Маратон е веќе традиционален 24 (дваесет и четири години). Се одржуваше без прекин од 1976 год. до 1993год. По пауза од десет години во 2004 год. продолжува традицијатаи важи за еден од најтешките маратони во должина од 30км. Се трча долж крајбрежјето на Охридското езеро со многу нагорнини и надолнини.
Најтрофеен маратонец е Живко Стојчески со 5 (пет) освоени први места. Со најголем број на учество на маратоните е Коста Стојаноски вкупно 13 (тринаесет) години, од 1981 до 1993 година.
Најстар маратонец кој ја истрчал патеката Св. Наум – Охрид е 73 годишниот Живоин Јекиќ со резултат 2:52,30.
Рекордерот на патеката во машка конкуренција го држи Борислав Девиќ од СР Југославија со резултат 1:39,13.
Рекордерот на патеката во женска конкуренција го држи Шаламанова Добринка од Република Бугарија со резултат 2:06,01 постигнат 2006 година.
Од Република Македонија со најдобар резултат на патеката во машка конкуренција истрчал Јунузи, АК Куманово – Куманово со резултат 1:42,22 што е постигнат 1992 година, додека во женска конкуренција најдобар резултат на патеката Св. Наум – Охрид го постигна Горде Петревска АК 3ти Ноември од Прилеп со резултат 2:20,23 постигнат 1990 година.
Кошаркарите на Охрид утре во рамките на 18-то коло од Втората кошаркарска лига победничка серија ќе бараат на гостински терен во Скопје, против екипата на Работнички 2018 Натпреварот се игра со поч...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 21-то коло од Втората македонска фудбалска лига утре ја пречекуваат екипата на Победа Прилеп Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 14 ча...
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.