Оваа сообраќајница ќе минува низ населбата „Бејбунар“ и треба да претставува спојница со магистралниот пат Охрид-Битола, кој во наредните три години треба да се доизгради во автопат. Исто така источната трансферзала се очекува да го намали сообраќајниот метеж на булеварот „Туристичка“ во шпицот на летната сезона.
источната трансферзала треба да го растовари сообраќајот во Охрид
Источната трансферзала ќе се гради со средства на локалната самоуправа, а почетокот на работите во понеделник, ќе го означи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, на свеченост што ќе се одржи во близина на поранешниот расадник.