Едно момче по име Метју, чие тело е веќе покриено со бројни тетоважи, на својата збирка и додал уште една. Станува збор за тетоважа на лицето во форма на очила. Многу фанови на уметноста за трајно сликање на телото се определуваат за дискретни тетоважи, меѓутоа на ова момче воопшто не му смета тоа што неговата тетоважа е повеќе од забележлива.
Може да се забележи дека Метју е вистински зависник од тетоважите. Скоро целото негово тело е прекриено со разни слики и шари, но сепак ни тоа не му било доволно. На мајсторот за тетовирање му донел очила од марката Рејбан и побарал да му истетовира околу очите идентичен модел. Не се знае дали станува збор за маркетиншки потег или момчето е просто склоно кон ексцентричност.