Миленко Парсерисас Букович од Чиле е најверојатно најголемиот обожавател на холивудската актерка Џулија Робертс, соопштиле американските медиуми. Нејзиниот лик на своето тело го истетовирал дури 82 пати.
Со тетоважите на оскаровката почнал откако го гледал нејзиниот филм „Ерин Брокович“, за кој ја добила наградата оскар. На тетоважите потрошил околу 2000 евра. Планира да продолжи да го тетовира нејзиниот лик се додека има место и пари.