Хар Пракаш од Њу Делхи на своето тело имал истетовирано 305 државни знамиња со цел да го промовира пријателството меѓу сите земји. Се надева дека ќе истетовира уште знамиња и дека ќе постави нов светски рекорд. Моментално се наоѓа во Катманду, Непал, каде ќе присуствува на првата меѓународна конференција на тетовирани луѓе. Вели дека привлекувал повеќе внимание од младите луѓе кои имале многу поинтересни тетоважи од него.
Почнал да се тетовира 2009 година и го променил своето име во Гинис Риши. Со името ги обединил двете свои големи страсти, тетоважите и Гинисовата книга. Сопственик е на 22 гинисови рекорди, меѓу кои за човек со најголем број тетоважи на телото, а интересен е и рекордот кој го освоил со тоа што успеал да достави пица од Њу Делхи до Сан Франциско.