Од СВР Охрид информираат дека вчера, околу 12 часот, на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на две лица врз 45-годишен стружанец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годиешн охриѓанец. Кко што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 30.07.2019 во 23.15 часот, на спортско рекреативниот центар во Охрид, кај охриѓанецот била пронајдена бела прашкаста материја, а потоа тој физички нападнал полицискиот службеник.
OhridNews