Два дена остануваат до завршување на рокот за пријавување екипи на 19 турнир во мал фудбал „Велгошти 2024“, кој оваа година има рекорден награден фонд.
Котизацијата за учество изнесува 3 000 денари по екипа, а првакот ќе инкасира 130 000 денари.
Ждребката ќе се одржи во Домот на култура во Велгошти на 15 јули, понеделник во 20:00 часот.
Традиционалниот турнир во Велгошти е поддржан од Општина Охрид и градоначалникoт Кирил Пецаков.
Г.М.