Рокот за пријавување на конкурсот за најубаво уреден двор и станбена површина, што го објави Женски центар „Бисера“ по повод Денот на екологијата, 6-ти јуни, истекува денеска.
Заинтересираните своето учество може да го пријават на телефонскиот број 046/264469 или од 10 до 13 часот секој работен ден во канцеларијата на ЖЦ „Бисера“.
Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните да дадат свој придонес за почист и поубав град во пресрет на туристичката сезона, велат од „Бисера“.
OhridNews