Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на атлетскиот викенд Охрид Трчат кој ќе се одржи на 3 јуни истекува за четири дена, односно на 31 март.
Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдинг трката изнесува 400 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет чини 700 денари.
Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“ подготвува многу изненадувања и новини на второто издание кое треба да ги помести границите во нашата земја.
Повеќе информации околу пријавувањето и новостите на Охрид Трчат можете да најдите на официјалната интернет страна (ohridtrcat.mk).
OhridNews