Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на Планинарската трка Охрид треил, која ќе се одржи на 25 мај истекува за два дена, односно на 28 февруари.

Заинтересираните пријавувањето можат да го потврдат на официјалната страна „Ohridtrail.mk“ која изобилува со информации напишани на оригинален охридски дијалект. Промотивната цена за учество на Планирската трка на 60километри изнесува 1 800 денари, додека за 35-километарската изнесува 1 000 денари.

На првиот спортски настан од ваков вид во Охрид вљубениците во спортот можат да учествуваат во една од двете трки. „Малата“ е долга 35 километри и стартува од автокампот „Елешец“, додека делницата на „големата“ 60 километри и започнува во Св. Наум.

Планинарската трка Охрид треил која ќе се одржи на 25 мај нуди ретка можност за уживање на сите убавини на Галичица, Охрид и Охридското и Преспанско езеро надополнето со трчање и дружење.

OhridNews