Уште четири дена остануваат за пријавување за учество на 45-от издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2019“.

Сите заинтересирани екипи учеството на турнирот можат да го потврдат кај лицето Игор Крцоски – Манце (075 701 800). Учеството чини 3 00 денари.

Турнирот планирано е да започне на 19 јули а големото финале се игра на 12 јули по повод празникот „Петровден“.

Ждрепката за еден од најстарите турнири во мал фудбал во регионов е закажана на 18 јуни во 21 часот во Домот на Културата во Мешеишта.

OhridNews