Рокот за собирање потписи за предлагање на листа на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија од група ибирачи, што започна на 25 април,  според роковникот на Државната изборна комисија треба да заврши на 4 мај.

Истиот рок важи и за собирање потписи за предлагање на листа кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија од дијапората, со оглед на тоа што на предвремените парламентарни избори првпат ќе имаат можност да предлагаат кандидати и да гласаат македонските граѓани кои живеат во странство.

Листите на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија овластените пратеници на предлагачите треба да ја достават до ДИК најдоцна 30 дена пред денот на одржувањето на изборите односно до 24 часот на 5 мај.

Утре истекува и рокот  во кој македонските граѓани можат да извршат увид во Избирачкиот список и доколку имаат забележки да достават барања за бришење или измена на податоци.

OhridNews