Правните лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и други поднесуваат Годишен извештај за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи, додека пак фирмите кои вршат откуп на земјоделски производи и по овој основ во 2010 година исплатиле приходи на физички лица, должни се до УЈП да достават Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи, информира УЈП.
Исто така, како исплатувачи на приходи, фирмите најдоцна до 15 февруари 2011 година на физичките лице на кои им исплатиле приход во 2010 година задолжително треба да им издадат примерок од пресметката за аконтацијата на персоналниот данок и платените придонеси и збирен податок по истекот на годината, за вкупно платената аконтација.
За ненавремено, односно неподнесување на годишен извештај, како и неиздавање на примерок од пресметката на физичките лица се предвидени глоби.