Управата за јавни приходи потсетува дека можноста за поднесување на барање за отпис на камати за социјалните придонеси е до крајот на годината. Сите работодавачи, самовработени лица, индивидуалени земјоделци, верски службени лица или државни институци (подносители на пресметки на бруто плата) можат да поднесат Барање за отпис на камати до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 декември 2015 година.
Право на отпис на камати има секој обврзник кој најдоцна до 31 декември ќе поднесе барање за отпис на камати по основ на достасани обврски за социјални придонеси:
• кои настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата (МПИН) за период најрано од јануари 2009 година, а најдоцна до декември 2014 година;
• се утврдени со конечна месечна пресметка на бруто-плата (МПИН);
• не се платени на денот на поднесување на барањето.
Барање може да се преземе од веб страницата на УЈП.
OhridNews