Денеска 25 октомври до 24:00 часот истекува рокот за поднесување ново барање за гласање во вториот круг од Локалните избори, за лица кои се во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 и лица на кои им е определена мерка самоизолација. Новото барање се доставува до Општинската изборна комисија.
Рокот пак за поднесување нови барања за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице беше до 23 октомври, до 24 часот.
Оваа категорија на лица ќе гласаат ден пред изборите односно на 30 октомври. Во Охрид во трката за избор на градоначалник во вториот круг од Локалните избори се кандидатите од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески и од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Кирил Пецаков.
За гласање во првиот круг во Охрид беа пријавени 199 болни лица и 23 Ковид позитивни.
OhridNews