Уште неколку дена до истекувањето на рокот кој го даде ЕВН за плаќање на заостанатите долгови, поточно тужените долгови за потрошена електрична енергија. Продолжената кампања на ЕВН и ЕЛЕМ трае до 31 јануари, по кој рок граѓаните кои нема да ги расчистат тужените сметки ќе го платат и тужениот долг  и каматата за задоцнето плаќање, а со тоа ги исполнуваат законските услови за исклучување на струјата. Некои од нив можно е да платат и за работата на извршителите.

Од ЕВН Македонија информираат дека досега 22.000 корисници ја искористиле можноста да склучат спогодби за плаќање на тужениот долг за електрична енергија на рати и без камата. Над 20.000 домаќинства потпишале спогодби за плаќање на рати, а над 2.000 бизнис корисници ги расчистиле старите тужени долгови.

OhridNews