Денеска, 10 февруари, истекува последниот рок за потпишување на договорите за доделените стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Град Охрид, за учебната 2020/2021 година.

Истекува последниот рок за потпишување на договорите за доделените стипендии

Добитниците на ученички стипендии кои се уште немаат потпишано договори се повикуваат да дојдат во Општина Охрид. За добитниците на стипендии кои се малолетни лица, задолжително е присуство на родител. Воедно се упатува известување до добитниците на студентски стипендии дека потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши од 10.02.2021 година (среда) до 15.02.2021 година (понеделник) во Општина Охрид. – соопшти Општина Охрид.

OhridNews