Од почетокот на годинава увезени се над 40.000 возила, што е за 20 пати повеќе од минатата година. Можноста за увоз на постари користени возила стапи на сила од март годинава и важеше до 5 август, кога поради големиот интерес беше продолжена до 30 септември 2010 година.
По истекот на рокот возилата со странски регистарски таблички ќе може да ги користат сопственици шест месеци кумулативно во една година на територијата на државата. По ова корисникот добива можност во одреден рок да го царини или да го врати назад возилото.
Доколку не постапи по таквото решение може да дојде до привремено одземање на возилото. Предвидената санкција за користење на возилото повеќе од дозволените шест месеци е 100 евра, а доколку се платат веднаш казната изнесува 50 евра.
Рокот за увоз на возила со стандард Еуро 2 и повеќе, е шест години.