Рокот што општинскиот инспекторат им го даде на угостителските субјекти да ја уплатат туристичката такса истече.

Локалната самоуправа предупредува дека  хотелите и давателите на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор се должни, наплатената такса за привремен престој да ја уплатат во законски утврдениот рок. Во спротивно тие ќе бидат санкционирани.

Против правните и физички лица кои не ја извршиле законската обврска за уплата на туристичката такса, Општина Охрид ќе поведе судска постапка за нејзина наплата, предупредува локалната самоуправа.

ohridnews