Властите на Истанбул планираат паркинзи на вода во крајбрежјето на Босфор и Мраморното Море како би ја намалиле гужвата во тој густо изграден дел од градот. На паркинзите кои ќе плутаат би можеле да се отворат и кафулиња, играчници или уметнички галерии, изјавиле официјалните лица.
Само еден таков паркинг, наречен Испарк би чинел девет милиони евра и би имал 400 места за паркирање. Сеуште не е познато кога проектот ќе биде остварен. Сообраќајната гужва е голем проблем во Истанбул кој има 16 милиони жители и секој ден од едната до другата страна на Босфор минуваат по два милиони лица.