Градските власти на Истанбул со почетокот на новата учебна година ја укинале обврската за носење кравати за учениците.Учениците од понеделникот не мораат повеќе да носат кравати, а на училиште смеат да се појават и во маица. Ублажувањето на правилата за облекување сепак не оди предалеку, па џинсот е сеуште забранет.


Пред донесувањето на одлуката училишните власти спровеле истражување кое покажало дека учениците ја мразат досегашната училишна униформа која се состоела од сиви панталони и сино сако со кошула и кравата. Кој ќе го прекршел прописот за облекување ќе бил казнет.

И новиот пропис наишол на критики. Обврската на носење кравата не требало да се укинува, бидејќи таа е симбол на современата турска република.