Истакнати физиотерапевти од земјава и oд регионот ќе бидат дел од првиот Конгрес на професионални физиотерапевти на Македонија со меѓународно учество „Физиотерапевтски предизвици на 21-от век“, кој ќе се одржува во Охрид од 17-ти до 20-ти септември 2015 година.

Овој научен собир кој го организира Здружението на професионални физиотерапевти на Македонија има за цел да ги проближи интересните сфери на сите физиотерапевти од регионот и да овозможи меѓусебна размена на искуства. На Конгресот сите учесници ќе имаат можност да се запознаат со многу нови достигнувања во рехабилитацијата, неврофизиотерапијата, хипорехабилитација и многу други области.

Во рамки на конгресните активности ќе бидат опфатени теми за Рехабилитација кај деца; Неврофизиотерапија; Рехабилитација во ортопедија; Кардиореспираторна физиотерапија; Рехабилитација на спортски повреди; Хипорехабилитација и Терапевтско пливање.

Партнер на Конгресот e Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болети и посебни потреби „Дајте ни крилја“.

OhridNews