Американците Дерил и Ден Кулберсон почнале да штедат пари во 1973 година праќајќи си еден на друг иста роденденска честитка.

Честитката со маскиран разбојник на мотор со натпис “Шкртиот фантом повторно напаѓа“ ја испратил сега шеесетидвегодишниот Дерил на својот шест години постар брат Ден. Дерил вели дека неговиот брат е “најштедливиот човек кој го запознал“.


За да му се освети, Ден одлучил на брат му да му ја испрати истата честитка за неговиот роденден. Од тогаш, во јануари честитката патува кај Ден во Болдер, а во март кај Дерил во Колорадо.

Честитката е целосно пожолтена и повеќе пати е лепена со салотејп. Бидејќи им снемува место за пораки, Ден вели дека еден од нив ќе мора да попушти и да купи нова честитка.

“Двајцата се надеваме дека сепак истата честитка ќе ја разменуваме до смртта на едниот од нас“, рекол Дерил.