По извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид и добиените резултати, исправна за пиење е водата од градскиот водовод во и околу мерните места Пазар и Орман-село-Охрид, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Водата на овие места беше забранета за пиење и земени беа примероци од овие мерни места за дополнителни анализи.

Забраната следуваше како резултат на контаминација на водата настана при санирање на дефект.

OhridNews