Аби Гарднер од Велика Британија со нејзиниот брат Питер и сестрата ела за Нова Година пуштиле во воздухот балон за кој врзале порака и за кој мислеле дека никогаш повеќе нема да го видат. На тоа потполно заборавиле се додека пред извесно време не им стигнала разгледница од Лаос.
Мајката на Аби рекла дека била многу изненадена што балонот стигнал толку далеку. Не очекувале дека ќе заврши на другата страна од светот. Порака им вратиле од 9600 километри оддалечениот Лаос, а добиле и неколку фотографии на кој се гледа каде завршил балонот.