Харолд Хакет очигледно се заштитил од модерните средства за комуникација, а посебно бил против интернетот и друштвените мрежи. На крајот на деведесеттите години започнал да испраќа пораки во шише во Атланскиот Океан. Испратил 4800 пораки, воглавно во шишиња од сок од портокал, бидејќи биле со светла боја, па луѓето полесно ги воочувале.
Досега добил 3100 одговори, и тоа од Африка, Холандија, Русија, Англија, Франција, Шкотска, Ирска, Норвешка и неколку американски држави. Хакет изјавил дека отсекогаш ги сакал старомодните начини на комуникација, но во своите пораки го оставал и својот телефонски број.