Шампионот на Англија од 2016 година, Лестер храбро на нозе ги издржа најтешките моменти во историјата во клубот, откако во несреќа со хеликоптер животот го загуби првиот човек Вачаи Сривадханапрабха и четиричлениот екипаж. Управата на „лисиците“ одби да биде одложен мечот со Кардиф, а минималната победа (1-0) фудбалерите ја посветија на својот татко како што го нарекуваа.
- Ова беше тежок натпревар во секоја смисла на зборот. Не ни се излегуваше на терен, бидејќи ментално бевме скршени од целокупната ситуација. Јас сум горд на играчите, а многу повеќе на нашите навивачи кои дојдоа во голем број да не бодрат и покрај големата загуба. – изјави Каспер Шмајхел и додаде како се справил со трагична смрт на претседателот. – Во првите десет минути воопшто не размислував за фудбал, затоа што во мислите ми беше претседателот и неговата фамилија. Тој ни беше како татко и со ништо на светот не ќе можам да му се заблагодарам на неговите најблиски.
Лестер со петтата победа сезонава се искачи на десеттата позиција на табелата и покажа дека шампионската титула 2016 година не била случајна, туку клубот има голем карактер и во најтешките моменти се исправува на нозе.
OhridNews