„Исповед на поетот“ е најновата книга на  роднокрајниот автор Есад Бајрам што ќе биде промовирана денеска во Центарот за култура „Григор Причев“ во Охрид.

Последното остварување на Бајрам ги содржи неговите  колумни по актуелни прашања, објавени во македонскиот печат, и се она што како автор не го запишал досега во неговите дела.

„Исповед на поетот“  во издание на „Макавеј“ ќе ја промовираат Разме Кумбароски и Бранко Цветковски.

Зад Есад Бајрам кој чекори во осмата деценија од животот, остануваат 30 објавени книги и над 50 преводи од македонски на турски јазик и обратно.Одикуван е со многу награди и признанија, а од 1987 година е член на Друштвото на писателите на Македонија.

Ohridnews