Еден од најдобрите напаѓачи во 20.век Марко ван Бастен поради повреди на нозете во 1993 година на само 28 години ја заврши фудбалската кариера. Холанѓанецот во текот на кариерата освои европската титула со Холандија, две титули европски клупски првак со Милан, а во Италија се закити со три трофеи од „калчо“ лигата.
Ван Бастен изјави дека одлуката за завршување на фудбалската кариера не била лесна, туку морал да ја донеси за своето здравје.
Се сеќавам на моменти од 1994 година кога среде ноќ станав од кревет и од болки не можев да одам во тоалет. Болката беше таква, што на секое движење викав од болка. Периодот беше таков, но болките беа посилни од мојата желба. Морав да го послушам телото бидејќи не знам што ќе ме снајдеше ако со такви болки продолжев да играм. – изјави Ван Бастен.
Во 1996 година Ван Бастен се направил операцијата и ги остранил лигаментите, тоа значело дека дефинитивно не ќе може да игра фудбал, ниту рекреативно.
Можете да замислите како сум се чувствувал на 32 години, кога сум решил на таков чекор. Сепак, болката исчезна и од тогаш наваму спокојно го поминувам секој ден. Слободното време го поминувам играјќи сквош и криво ми е што порано не започнав да играм, можеби ќе бев многу подобар. – заврши Ван Бастен.
Во текот на кратката, но богата кариера Ван Бастен со репрезентацијата на Холандија освои европска титула, додека со Милан се закити со два трофеи од Лигата на Шампиони и три од Серија А.
OhridNews